ГАЛЕРИЈА: Барокот го испрати „чичко Стоилко“ во историјата

by Фокус 13:46
13:46

Легендарната сендвичарница „Чичко Стоилко“ денеска беше срушена. Култното место кое беше препознатлив бренд за центарот на Скопје се руши поради почетокот на градежните зафати за реконструкција на зградата на ЕВН и ЕЛЕМ во барок стил.

Пред срушениот објект беа собрани голем број граѓани, а вработените разочарани раскажуваа дека очекувале да им остават простор од уште неколку дена за да можат да си го соберат сето она што останало од познатата сендвичарница која со децении работеше во строгиот центар на Скопје.

Успешната приказна за скопските сендвичи почнала пред речиси 40 години, кога тогаш младиот и амбициозен Стоилко, дошол од Крива Паланка и почнал да прави и да продава лимонада и оранжада. Стоилко сакал да се дружи со луѓето и да им угодува со храната. Често патувал во Грција, каде што првпат го открил вкусот на познатиот тост и решил тоа задоволство да им го пружи на Македонците. Така и почнале да се прават вкусните тостови и хамбургери во сендвичарницата на Стоилко.

- Advertising -

По неговото убиство, работата ја наследила неговата сопруга и неговите внуци, а и по 15 години без него, тие продолжија успешно да функционираат. Петнаесет години по убиството, полицијата нема одговор за мотивите за лишувањето од живот на Стоилко Митовски.

Од денеска, сведок за постоењето на  „Чичко Стоилко“ ќе останат само старите написи во весниците и фотографиите од старо Скопје со знакот на оваа легендарна сендвичарница.

Инаку од 2009 година досега во општината Центар беа отстранети над 70 привремени објекти. Голем дел од нив беа срушени за да се изградат нови објекти во духот на „Скопје 2014“.

Како изгледаше „Чичко Стоилко“...

 

 

 

Поврзани новости