Близу 1.000.000 евра за нови владини реклами?!

„Фокус“ пред две недели пишуваше дека новата владина кампања за културата во сообраќајот најверојатно ќе ги чини граѓаните околу половина милион евра и не бевме далеку од вистината. Владата подготвува медиумска кампања со која, овој пат, ќе ја подига свесноста кај граѓаните за нивната улога и однесување во сообраќајот.

Првиот договорот објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки чинеше некаде околу 240.000 евра, но со вториот, оној што беше објавен вчера целата сума за овој проект достигна нешто повеќе од 466.000 евра. Компанијата „Њу момент“ ќе го изработи медиа-планот, ќе закупува медиумски простор за електронски и за печатени медиуми и ќе го организира внатрешното и надворешното рекламирање, додека радио и ТВ-спотовите ѝ се доверени на познатата агенција „Република“.

Пред една недела излезе во јавност и информациајта дека Владата подготвува уште една кампања со која ќе се промовираат реформите во јавната администрација и досега таа чини 320.000 евра, меѓутоа како што стои во информациајта на Бирото за јавни набавки и оваа кампања има проценета вредност од 500.000 евра, што значи дека може и таа да го достигне буџетот од половина милион.

Двете кампањи заедно би ги чинеле граѓаните некаде околу милион евробанкноти.

Поврзани новости