586
Габриел Бајрам, советник во град Скопје, е осуден на три месеци затвор, а неговиот син на условна казна од три месеци, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.
Пресудата била донесена утрово по признание на вина на таткото и синот кои неодамна беа обвинети за насилство.
До превосилноста на пресудата Бајрами останува во куќен притвор.
На Бајрам му беше поднесена кривична пријава по брза постапа и му беше одреден притвор откако повреди шанкер и кршел инвентар во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.
Имено, шанкерот во полициската станица Чаир пријавил дека на 28 јули во 23.20 часот бил нападнат од Г.Б. и В.Б., кои потоа оштетиле дел од инвентарот, соопшти тогаш МВР.
Валентина Вурмо