Владата на Никола Груевски се наоѓа во меѓународна изолација, а не ги исполнува нити своите меѓународни обврски, изјави денеска Виктор Габер, претседател на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.
– Годинава Македонија е претседавач на Централно – европската иницијатива (ЦЕИ), владата не успеа да ги исполни обврските кои произлегуваат за успешен развој на оваа иницијатива, единствената регионална европска организација во која официјално за нашата држава се користи името Македонија. Најавената програмата на нашето претседателство со ЦЕИ не само што не е исполнета со неопходните, а ветени содржини, туку видно е и дека нашите партнери во ЦЕИ не се заинтересирани, во сегашните услови, да партиципираат на одделни содржини. Дополнително, таму каде беа присутни драстично го симнаа нивото на своето претставување, а со тоа и на преземањето на идните обврски. Како врв на меѓународната изолација и круна на неефикасноста во исполнување на своите обврски во ЦЕИ, владата на Груевски дефинитивно не беше во состојба да го свика и одржи Самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЦЕИ, кој беше најавен за 19 ноември 2015 година – рече Габер.
Според него, кога се во регионот земјава ја заобиколуваат германската канцеларка Ангела Меркел, потпретседателот на САД Џо Бајден, претседателот на руската федерација Владимир Путин…