ВМРО-ДПМНЕ го повика Спасовски да ја реши аферата со личните карти

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ не можат со молчење да ја покријат аферата за фалсификувани лични карти која пред 15 дена ја објави неделникот Фокус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Излегоа три броја од Фокус, а Спасовски се сокри од јавноста и не кажа ниту збор околу 30000 фалсификувани лични карти кои според Фокус биле употребени за изборна измама. Јавноста бара информации зошто Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени Фокус. Јавноста бара информации кои се членовите на Избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29 900 фалсификувани лични карти“, стои во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости