Момчето што уби свои соученици во Белград, сведочеше дека два броја на сефот биле подесени, третиот го погодил

by Fokus

Четиринаесетгодишното момче кое е осомничен дека извршил масовно злосторство  во ОУ „Владислав Рибникар“, на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, вчер сведочеше против неговиот татко Владимир Кечмановиќ.

Два и пол месеци по убиството, следувала ладнокрвна средба со неговата мајка, со која, како што се шпекулира, секогаш имал лоши односи.

Кога влегла во собата, мајката го прегрнала, но момчето не покажало никакви емоции, туку гледало како странец.

Момчето било првично вознемирено на почетокот на рочиштето, но, според изворот, брзо се собрал и останал смирен и присебен. По првичната изјава дека не се кае за делото што го направил, тој сепак на рочиштето рече дека се кае.

Сепак, општиот впечаток на присутните е дека тоа го кажал затоа што мора да го каже, а не затоа што навистина така се чувствува.

За време на сослушувањето, тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука. Според неофицијални извештаи, таткото бил воодушевен од талентот на момчето. Но, неговиот адвокат ја пренесе изјавата на 14-годишниот К.К дека неговиот татко не го однел првиот пат на стрелиште.

Одлучувајќи да го изврши делото, размислувал како да го добие оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации ова не било проблем за момчето. Сефот има три броја. Го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и погодил вториот пат.

Токму затоа се смета дека таткото е одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.

Но, момчето одговорило дека татко му обезбедил повеќе оружје отколку што е вообичаено и пропишано со закон, но дека „се снаоѓал“.

Момчето одговарало и на други прашања, меѓу кои дали татко му го малтретирал, каков бил односот во семејството, односно меѓу него, мајка му, татко му и сестрата.

Момчето убиец, инаку, се наоѓа на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади на детален преглед. Неофицијално дознаваме дека се уште нема дијагноза.

Психијатрите истакнуваат дека моментот на жалење сепак може да се случи во одреден момент, но само доколку посветено работите со таа личност. Може да се случи да почувствува каење во триесеттите.

Поврзани новости