Функционери на власта полагаат нотарски испит

by Фокус

Во списокот имиња кои положиле нотарски испит пред неколку денови се најдоа имињата на пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошовски, како и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски. Министерството за правда ги повикува нив заедно со уште други 29 кандидати кои положиле писмено да се појават на устен испит во петок на 8-ми јануари во Апелациониот суд во Скопје.

Останува непознато зошто овие функционери, кои со години обавуваат државна работа, полагаат нотарски испит? Иако нотарскиот испит сам по себе не значи дека тие веднаш ќе се вработат како нотари, сепак во ракав имаат џокер за при евентуално напуштање на функциите или завршување на мандатите да прескокнат во друга професија.

Бројот на нотарите во државава е лимитиран и тоа ја прави професијата профитабилна со загарантирана заработка. Иако сега има 184 нотари, а нови се избираат кога ќе се испразни некое место, сепак за ваквите звучни политички имиња не е исклучено да се зголеми бројот на постоечките нотари.

Поврзани новости