МНТ: Падот на Велјановска нема врска со техниката

by Фокус

Сакаме да дадеме демант по повод написите во некои медиуми и на социјалните мрежи за вчерашниот несреќен случај кога во МНТ се повреди актерката Лилјана Велјанова.

Најпрво сакаме да разјасниме дека повредата не се случи за време на проба ниту на сцена и не е поврзано на било каков начин со техниката и технологијата во театарот. Имено вчера, на 05.01.2016 година, актерката Лилјана Велјанова, доаѓајќи на прва мизансценска проба на претставата „Квартет“ на Малата сцена, движејќи се низ подрумските простори на театарот падна и се повреди. Во тие моменти таа беше сама. Потенцираме дека несреќниот случај не беше на сцената на која се работи претставата, ниту пак на Големата сцена на МНТ и воопшто не е поврзан со сценската техника.

Актерката Лилјана Велјанова изјави: „Нема потреба да се прави случај од оваа моја повреда. Не сакам никој вработен во театарот да одговара за ова, одговорноста е моја. Се работи за несреќен случај, настанат поради мое лично невнимание во моментот кога доаѓав на проба.“

Екипата на „Квартет“ смета дека она што е сега важно е дека актерката Лилјана Велјанова  е во стабилна состојба и се чувствува подобро и дека е навистина некоректно и штетно во вакви моменти да се шпекулира и да се дезинформира јавноста без да се знаат фактите. Македонскиот Народен Театар  секогаш е транспарентен во својата работа и отворен за целокупната јавност и медиумите и токму поради ова, сите настанати шпекулации и погрешно информирање на јавноста ги сметаме за некоректни и непотребни.“ – стои во соопштението на МНТ.

Поврзани новости