Штипскиот градоначалник Миланов во изолација поради ризични контакти

by Фокус

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, трет ден е во изолација. Тој на својот фејсбук профил објави дека е во превентивна самоизолација, поради неколку ризични контакти, меѓу кои и со лица што имале изразени КОВИД-симптоми.

„Иако немам пројавено никакви симптоми, по епидемиолошка препорака и од морални причини ќе останам во самиозолација уште некој период, за да избегнам предзивикување какви било опасност по здравјето на луѓето во мое опкружување“, наведува Миланов.

Поврзани новости