684
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 против Бугарија на стартот на новото издание на Лигата на нации.
Иако во текот на целиот меч нашата селекција беше подобра, сепак први до водство дојдоа Бугарите во 13-та минута преку Десподов.
Израмнувањето дојде во петтата минута од вториот дел. Алиоски и Елмас проиграа по левата страна, фудбалерот на Наполи се обиде да шутира, но неговиот удар беше блокиран.
И покрај тоа, топката дојде до Милан Ристовски кој од неколку метри ја спроведе во голот на Бугарија. Првиот триумф во ова издание на Лигата на нации ќе го бараме в недела на гостувањето кај Гибралтар.
Фото – ФФМ