Фудбалерот Петар Станисавовски го загуби животот во тешка сообраќајка во општина Илинден

by irena 14:13
14:13

Граѓаните од скопската општина Илинден бараат реакција од надлежните институции поради возачи кои секоја вечер создаваат бучава и опасност со дивеење на улиците низ населените место.

Во несреќа животот го загуби младиот Петар Станисавовски, во трагична сообраќајка во индустриската зона до населбата Илинден.

Семејствата кои живеат на оваа сообраќајница велат дека секоја вечер се соочуваат со вистински страв и немир предизвикани од несовесни и пијани возачи.

Младиот фудбалер Петар – од фудбалската школа „Гроздановски“ почина како последица од дивеењето на несовесен возач.

​Од неговиот матичен клуб упатија последен поздрав за прерано згаснатиот живот.

Слични вести