Додека милански Интер се подготвува за финалето во Лигата на шампионите против гигантот од Перемиерлигата, тимот Манчестер Сити, претседателот на „Нероаѕурите“ Стивен Жанг наводно ветил премија од 10 милиони евра за екипата доколку го освојат трофејот кој последен пат беше во нивен посед во 2010 година, кога кормилар на тимот беше Жозе Мурињо, а во составот беше и нашиот Горан Пандев.
Манчестер Сити сега е тимот кој што се обидува да направи хет-трик на трофеи.
Според „Газета дело Спорт“, претседателот на Интер сака дополнително да ги мотивира своите играчи да влезат во пресметката максимално, со тоа што ќе одвои 10 милиони евра како премија која ќе биде поделена во тимот, доколку го кренат „пехарот со големите уши“.
Фудбалерите на Интер секако веќе имаат бонуси запишани во дел од нивните договори за освојување европска титула.