ФСП: Прекинете да нанесувате штета и на партијата и на државата

by Фокус

Форумот на слободоумни патриоти ја изрази својата загриженост поради неколкуте изјави на амбасадорите во Република Македонија, како и изјавите на претставниците на меѓународната заедница со кои ВМРО-ДПМНЕ се посочува како директен виновник за моменталната блокада на преговорите со кои во интерес на граѓаните треба да се надмине политичката криза.

– Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ на разум и одговорност во овие тешки моменти за Република Македонија. Прекинете да и нанесувате штета на партијата, преземете одговорност за постапките кои сте ги правеле и престанете да се криете зад партијата и позади членството. Прекинете да ги злоупотребувате четирите свети букви и да газите преку делата на многу Македонци кои животот го посветиле на Македонија – се навеува во нивното соопштението.

 

Поврзани новости