ФСП: Чесното членство на ДПМНЕ да му се спротивстави на Груевски

by fokus

Форумот на слободоумни патриоти го повикува, како што наведува, чесното членство на ВМРО ДПМНЕ да му се спротистави на Никола Груевски во постапките кои што водат до разнебитување на македонската нација.

-После сторијата на НоваТВ со наслов Платформата на ДУИ во документ предложен од Владата во 2015 година (http://novatv.mk/platoformata-na-dui-vo-dokument-predlozhen-od-vladata-vo-2015/) Форумот на слободоумни патриоти го повика „дволичниот лажен патриот Никола Груевски“ веднаш да си поднесе оставка од функцијата Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и од функцијата пратеник. После амнестирањето на т.н. Хашки случаи, злосторства врз Македонци од 2001 година, ова е уште едно големо предавство за кое Груевски мора да сноси одговорност. Неговите ефтини пазарења на сметка на Македонските национални интереси и глумењето на лажен патриот мора да престанат, се наведува во соопштението.

 

Поврзани новости