Иванов побара поактивен ангажман од Хан за членство на Македонија во ЕУ

by fokus

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

На средбата, двајцата соговорници размениле мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и можностите за што поскоро разрешување на политичката криза.

-Претседателот Иванов уште еднаш укажа дека нестабилноста во политичкиот живот и тензичноста во меѓуетничките односи се последица на предолгата статус-кво состојба на Република Македонија и побара поактивен ангажман и поддршка од комесарот Хан.  Комесарот Хан истакна дека постои зголемена свест меѓу државите членки на ЕУ за неопходноста од деблокада на интеграциите и за таа цел е потребно формирање на Влада посветена на европските интеграции.

Иванов посочил дека очекува од новата Влада да има два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија.

Поврзани новости