Федералната служба за безбедност (ФСБ )на РУСИЈА денеска објави дека открила дека американската Агенција за национална безбедност ( НСА) користела претходно непознат малициозен софтвер за да навлезе во пропустите на телефоните на Епл.
ФСБ, главниот наследник на советскиот КГБ, објави дека се заразени неколку илјади телефони на Епл, вклучувајќи ги и оние на домашните руски претплатници.
„Мета беа и телефоните на странски дипломати во Русија и на територијата на поранешниот Советски Сојуз, вклучително и од членките на НАТО, Израел, Сирија и Кина. ФСБ откри разузнавачка операција на американските тајни служби преку мобилните уреди на Епл“, соопшти ФСБ.
Ниту Епл ниту НСА сè уште не одговориле на барањето за коментар.
ФСБ забележа дека ова открило блиска врска помеѓу Епл и Агенцијата за национална безбедност (НСА).