436
Создавањето на паралелни структури во Министерството за внатрешни работи се вовед во посакуваната граѓанска војна од страна на власта во заминување, предупредува движењето ФРОДЕМ.
„Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и соизвршители на кривични дела. Министерот Оливер Спасовски, како најодговорно лице во МВР според Уставот и законите, да ги превземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во нормала, а сите личности кои го нарушиле системот и создале паралелни структури да бидат процесуирани согласно позитивните законски прописи“, соопштија од ФРОДЕМ.
Од таму го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да си поднесе оставка.