ФРОДЕМ: Ново парламентарно мнозинство да го суспендира распуштањето на Собранието

by Фокус

ФРОДЕМ денеска ги повика партиите во Собранието да вложат напори за создавање на ново парламентарно мнозинство, заради спречување на како што велат тие, продлабочување на политичката и државната криза со цел за спас на сопствената веќе предвидлива иднина.

-Новото парламентарно мнозинство до утре вечер ќе треба да ја суспендира неуставната, неделовничката и неетичката одлука за одложено распуштање на Собранието, да и изгласа недоверба на постојната влада и да изгласа нова техничка влада која ќе ги спроведе изборите кои ќе бидат закажани во оној момент кога ке бидат исполнети сите неопходни услови за одржување на кредибилни и веродостојни избори, се наведува во соопштението.

ФРОДЕМ ги повика сите членови на ВМРО ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоците на партиската врхушка за учество во, како што велат, монструозни режирани сценарија за спас на туѓа кожа.

-Членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ не смеат да дозволат да биде доведен во прашање кредибилитетот и дигнитетот на партијата, а државата да биде доведена на работ на опстанок заради заштита и одбрана на лични интереси. ВМРО ДПМНЕ не е Груевски или било кој член на врхушка. ВМРО ДПМНЕ е Македонија, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Поврзани новости