ФРОДЕМ: Некорупмираното членство на ВМРО-ДПМНЕ да побара одговорност од врхушката

by Fokus 09:26
09:26

Криминалната партиска врхушката на ДПМНЕ опсесивно, секојдневно како на шапилограф штанца соопштенија со кои ја критикува новата извршна власт. Не дозволија ни да се конституира, а веќе изнајдоа бројни мани и забелешки, реагираат од ФРОДЕМ.

– Наместо 100 дена, тие не издржаа ни 1 ден без критизерство. Врхушката мора да разбере дека политиката не е продавање ефтин детергент, со ефтини пораки, па по секоја цена да се продава пропаганда. Тие што со години ги лажат дека ЕПП-то за детергент и политичките пораки се едно не доведоа до овој страотен колапс, велат од ФРОСЕМ. Дебел отчет треба да дадат и затоа треба да се фокусираат на таа тема, а не да измислуваат теми за дефокусирање! – се наведува во соопштението.

- Advertisements -

ФРОДЕМ го повикува чесното и некорумпирано членството на партијата да побара одговорност од врхушката.

– Штетните политики за државата и граѓаните не дојдоа однадвор туку тие се плод на пропустите и грешките во сопствените редови. Сите треба да разберат дека и покрај огромната „народна пара“ и контролата врз целата држава сепак се претрпе тежок пораз. Затоа партиската база мора да побара оставка од целата раководна структура и да почне да создава услови за избор на ново партиско раководство кое реално ќе се спротистави на новата власт и ќе биде победник на следните избори. Рокот немилосрдно истекува – продолжува понатаму во соопштението.

ФРОДЕМ ја поддржува иницијативата на Беса за расветлување на случаите „Монструм“ и „Сопот“.

Поврзани новости