Сите членови на Државната изборба комисија се под целосна контрола на партиите кои ги предложиле или поддржале, сметаат од ФРОДЕМ.
„Зоштоа прочистувањето на списокот наместо рутинска и техничка операција стана политичка операција? Дали партиските војници-членовите на ДИК, по претходно добиени упатства и наредби од нивните партии поддржувачи, се факторот кој треба да ни каже кој има право да го оствари своето демократско право на глас, а кој не треба да се најде на списокот? Како е можно после вкрстеното споредување на списоците од постојните бази на податоци, бришењето на починатите како и бришење на дел од гласачите од Пустец, бројот на избирачи во избирачкиот список драстично да се зголеми? Дали ова беше операција за прочистување или на дозамрсување на избирачкиот список. Кој ќе сноси одговорност?“, прашуваат од ФРОДЕМ.