Алкалоид со позитивни финансиски резултати

by Фокус

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5 отсто. Зголемување од 8 проценти е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8 проценти.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.244 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9 отсто, додека нето добивката е зголемена исто толку.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари. Во истиот период во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија.

Поврзани новости