ФРОДЕМ ја повика власта поактивно да се справува со последиците од недемократското авторитарно владеење

by fokus

ФРОДЕМ ја повикува новата власт да почне активно да се справува со последиците од недемократското авторитарно владеење, покрај политичките приоритети во вид на добрососедски договори и мерки на градење доверба, меѓуетнички прашања и слично, паралелно да ги решава прашањата поврзани со правдата и правичноста.

-Во оваа насока за поздравување е решавањето на заостанатите прашања поврзани со стечајните работници и денационализацијата.Истовремено, новата власта треба да најде законски механизми за исправање на неправдите произлезени од монтираните судски случаи, но и последиците од злоупотребената лустрација. Секаде онаму каде има сериозни докази за кршење човекови права, неправда и противправно постапување, треба да се даде законска можност да се исправи. Впрочем, гаранциите за почитувањето на човековите права се клучен дел од Уставот на РМ и многу закони. Го почитуваме или не Уставот на РМ!? Новата власт во документите посветени на правосудството, плановите и стратегиите јасно треба да се одреди кон ова прашање. И како однос кон минатото, кон неправдите, и како однос кон иднината со цел никогаш да не се повтори. Како јасен завет дека реформите значат реално враќање на демократијата и правдата. Во оваа насока вообичаено е секоја нова власт да даде и делумна амнестија, и како чин на милост и како чин на големина и поттик за ресоцијализација, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

 

Поврзани новости