Шекеринска утре во посета на Словенија

by fokus
Утре и задутре (04-05 септември), министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со делегација од Министерството ќе престојува во Република Словенија, на покана на министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич. Во рамки на посетата Шекеринска ќе има средби и со Претседателот на Словенија, Борут Пахор и потпретседателот на словенечката Влада, Дејан Жидан.
Во текот на утрешниот ден, министерката Шекеринска ќе учествува и на Бледскиот стратегиски форум, водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа која привлекува голем број шефови на држави и влади, министри, дипломати. На Бледскиот форум ќе учествуваат и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
На првиот ден од посетата на Словенија, министерката Катич организира и работна вечера во чест на министерката Шекеринска и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Поврзани новости