Здружението Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕН) денеска изрази револт, од како што велат тие, неодговорното и непринципиелно тактизирање на раководставата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во исполнувањето на договорот од Пржино. Според ФРОДЕМ, со својот недржавнички однос, раководставата на двете партии ги понижувааат и потценуваат граѓаните на Република Македонија пред целата меѓународната јавност.
-Ако одржувањето на фер и демократски, предвремените парламентарни избори е последниот услов за излез од долгата политичка и државната криза, не зачудува фактот како и едните и другите се плашат и настојуваат да не се одржат изборите во закажаниот термин. СДСМ тоа го прави со постојано „ронење солзи“ без преземање конкретни активности и силна реакција до гарантите на договорот, додека ДПМНЕ тоа го прави со перфидно опструрирање на преземените обврски и страв од прочистување на избирачкиот список и измислување на разно-разни афери со помош на злосторнички здружените корумпирани провладини медиуми и новинари, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
Од ФРОДЕМ додаваат дека за најголемите македонски политички партии приоритетен е личниот и партискиот, наспроти државниот и националниот интерес, а заедничките обиди за „купување време“ и одлагање на изборниот датум се јасен показател на неподготвеноста за реформи, за стравот од меѓусебното соочување и за стравот од конечниот суд на граѓаните.