Доаѓањето на Хан ќе се поклопи со оставката на Груевски

by Фокус

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе ја посети Македонија на 15 јануари, извести денеска неговата порпаролка Маја Коцијанчич. Датумот на доаѓањето на Хан ќе се поклопи со датумот на оставка на Груевски и изборот на нов премиер, според Договорот од Пржино.

-Комесарот на Европската унија Јоханес Хан ќе го посети Скопје на 15 јануари, изјави портпаролката Коцијанчич.

Според најавите од Брисел, Хан при посетата на Македонија ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули што стави крај на политичката криза во земјата. Претхотно, тој им испрати и писмо на лидерите на четирите најголеми партии, дека планира на почетокот на овој месец да ја посети македонската држава, со цел да направи увид во спроведувањето на договорот од Пржино.

 

Поврзани новости