ФРОДЕМ: Георгиевски и Бошкоски јасно да покажат дека нема да соработуваат со ДПМНЕ

by fokus

После потрошените неколку месеци во грижливи преговори и вложени огромни напори со целосно разбирање на спецификите на сите потенцијални партнери, ФРОДЕМ целосно ја уважува определбата на партиите ВМРО-НП и ОМ да не продолжат со спојувањето и да настапат со своја коалиција, велат денеска од ФРОДЕМ.

-Ние како изворно граѓанска европска народна опција се организиравме со цел да се поврзат во единствена фунцкионална целина сите политички сили од оваа опција и сродните на неа, во насока на создавање на моќна политичка сила што ќе се спротивстави на погубонто водење на државата од страна на актуелнто раководство на ДПМНЕ. После спојувањето со Демократскиот Сојуз, МОРО-РП И ДЕМОС и формирањето на Коалицијата за промени и правда, продолживме со активностите на привлекување на сродните политички сили во поголем сојуз, што ќе биде способен да го запре неодговорното владеење на сегашнава власт и да ги врати вредностите на општеството, меѓу кои како први се слободата и правдата, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Тие очекуваат дека коалицијата на ВМРО-НП и Обединети за Македонија и покрај тоа што не со во коалиција со ФРОДЕМ, јасно ќе покажат дека немаат намера да прават никаква соработка со ВМРО-ДПМНЕ ниту во текот на изборите, ниту потоа.

Поврзани новости