ФСП до Спасов: По лудувањето во алкохолизирана состојба, мора да си поднесете оставка

by fokus

Форумот на слободоумни патриоти денеска, во име на, како што велат, чесното вмровско членство, го повика Диме Спасов да си поденсе оставка од функцијата и да се повлече од политичкиот живот.

-По вашето лудување во алкохолизирана состојба по скопските улици во кое уништивте државен и приватен имот, ја злоупотребивте вашата функција, сторивте неколку кривични дела, како и вашето непочитување на овластен државен орган во овој момент најмалку што може да направите е да си заминете и да се повлечете од политичкиот живот во Република Македонија.
За нас смешни и неприфатливи се приказните со кои медиумските перјаници на власта се обидуваат да ве амнестираат од криминалното однесување и дивеење по скопските улици. Доколку навистина ве бркале, како што сакаа да прикажат, логично е да појдете во првата полициска станица или на бројот 192 да го пријавите тоа, а не да им бегате на припадниците на МВР, се вели во соопштението на Форумот.

Тие го повикаа Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување, да престане да се крие и да излезе и да и објасни на јавноста во какви околности му дозволил на Диме Спасов да вози службено возило и дали постои документација за оправданоста на ваквите негови постапки.

Поврзани новости