Бидејќи пропагандата и лагите му се клучното оружје, режимот си создаде свои партиски мегафони и затоа постои блокада во ад хок телото кое треба да ги мониторира медиумите за изборите, реагираат денеска од ФРОДЕМ.
-Во плурална Македонија паметиме изборни циклуси во кои власта и го даваше на опозицијата тоа што бараше. Така беше во 1998 и 2006. Во соседството, неодамна и црногорската власта одважно и ги уважи сите барања на опозицијата. Имаа јунаштво да го победат лошото во себе, за да победат сите заедно, како нација. Затоа бидете еднаш одважни, бидете мажи, не се ценкајте за секој грам моќ, влијание и простор за манипулација. Ако режимот ги опструира изборите и нема избори на 11 декември, а кризата се продлабочува, тогаш парламентарните партии имаат обврска да направат ново парламентарно мнозинство. Новата влада треба брзо и цврсто да ги спроведе демократските промени и да ја стабилизира и нормализира земјата, пишува во соопштението на ФРОДЕМ.
Од ФРОДЕМ потсетуваат дека сите рокови, државни, партиски и човечки истекуваат за неколку дена. Уште еднаш ја повикаа Бонева да му се извини на СЈО.