Николовски: Мочуриштето со мртви животни во Арачиново мора да се отстрани

by fokus

Три недели после поплавите, Владата и Градот Скопје остануваат глуви за состојбата во Арачиново, реагира членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, кој денеска беше во посета на Арачиново.

-Медиумите јавија за ова мочуриште со остатоци од удавени животни кои се нашле на удар од поплавата. Овде постои сериозен ризик од зарази од бактерии кои се опасни по животот на жителите од Арачиново, но и пошироко – по граѓаните од Скопје. На овие семејства, деца и наши сограѓани треба да им се помогне. Оваа потенцијална зараза мора да се отстрани, рече Николовски.

Тој додаде дека дождови ќе има и понатаму, но ваквата неодговорна власт станува прескапа за македонските граѓани, не само во пари туку и во човечки животи.

 

Поврзани новости