Чавков: Турската полиција ги приведе македонските државјани, при што тие се обиделе да избегаат

by fokus 12:57
12:57

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одржа прес конференција на која соопшти детали за акцијата „Ќелија 3“, при која во Турција се уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава.

Чавков соопшти дека акцијата била спроведена од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул.

-Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани-џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со единствена крајна цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија, рече Чавков.

Тројца од приведните се од Куманово, а двајца од Скопје. Тие се екстрадирани во Македонија и одредена им е мерка притвор.

Поврзани новости