ФРОДЕМ денеска најостро ја осуди изјавата на Силвана Бонева со која таа, според нив, го омаловажува Специјалното јавно обвинителство.
-Оваа и сличните изјави се со цел да се обезвредни СЈО, да се попречи патот до правдата и до поедничната одговорност. Токму Бонева и нејзините компањони служејќи и на фамилијата создадоа режим во кој пресудите беа однапред донесесувани. Режим во кој предистражните, истражните дејствија и доказната постапка беа однапред подготвена фарса. Стотици животни судбини беа однапред режирани. Затоа, таа наместо да омаловажува треба да се засрами и јавно да се извини, велат од ФРОДЕМ.
Од ФРОДЕМ порачуваат дека безвремено е правилото дека не треба да им го правите на луѓето, тоа што не сакате вам да ви го прават и дека борбата за враќање на правдата и поредокот односно исправање на неправдите е единствениот патриотски пат кон кој сите заедно треба да го изодиме.