Коѕиас денеска ќе одржи говор пред Амбасадорскиот совет во МНР

by fokus

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, денеска е во посета на Македонија, при што освен средба со негогиот македонски колега, ќе одржи и говор пред Амбасадорскиот совет во Министерство за надворешни работи.

Во говорот Коѕиас ќе ја истакне нужноста да се почне разговор за идината на Европа поради новите случувања, економската и бегалската криза. Грчкиот министер ќе посочи дека во овие услови цел на Грција е да се задржи стабилноста во регионот и да се продолжи со поддршката на амбициите на државите од Западен Балкан за интеграција во ЕУ.

Коѕиас ќе оствари средби и со македонскиот премиер Емил Димитриев, како и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Поврзани новости