СДСМ: Петтиот член на медиумското тело мора да биде експерт од медиумската сфера

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува членовите на ад хок телото за следење на медиумите за избори да го изберат петтиот член за да може ова тело да почне да функционира.

-Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело. Опструкциите што ги прави Груевски се доказ дека тој и неговата партија се плашат од фер и демократски избори зашто знаат дека неговите катастрофални политики за Македонија ќе доживеат конечна капитулација, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека до крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа.

Поврзани новости