Државата не смее на едни да им е мајка, а на другите маќеа. Државата секогаш е една, а политичките погледи се различни. Затоа, да бидеме единствени, а различни. Да бидеме демократи. Како луѓе, пред се, но и внатрепартиски и меѓупартиски. Само такви може да успееме. Само така може да имаме држава од која наместо да се бега, секој ќе сака да остане и да живее пристоен живот под македонското сонце се наведува во соопштенето на ФРОДЕМ, кое им го честита на граѓаните 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Од таму веларт дека секој погрешен чекор, судир на суети, изнасилени калкулации, писма со кој се бара цепкање на централно-десничарскиот блок и формирање друг блок, може да ја доведе во прашање победата и гласачката волја на мнозинството опозициско ориентирани граѓани.
– Времето е кратко. Поправен испит нема. Јасни се аналитичките показателите каков треба да е патот до победата и падот на режимот наспроти повредената суета на одредени партиски лидери и нивните индивидуални егоистички математики. Одговорноста е огромна како кај централно-десничарскиот блок така и кај најголемиот опозиционен блок предводен од СДСМ. Затоа, природно е заедничката антирежимска борба, но уште поприродно е секој блок да се обрати до своето гласачко тело, како нашиот центално-десничарски, така и левичарскиот блок. Волјата и определеноста на опозиционите центро-десничарски гласачи е сосема јасна – се наведува во соопштението.