Денеска се одбележува Денот на македонската револуционерна борба

by Fokus

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, делегации на Собранието и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Паркот „Жена борец“.

Во Собранието ќе биде доделена и државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

 

Поврзани новости