ФРОДЕМ реагираше на вчерашната изјава на министерот Чавков во врска со судењето за настаните во Диво Насеље.
-Митко Чаков министер во заминување, а во слободно време ,,видовит” човек, за полицаецот кој дал исказ за случајот „Диво насеље“ вели дека најверојатно станува збор за забуна при давање на исказот. Односно според неговата изјава не се работело за дилема туку забуна која треба да ја расчистат одбраната и обвинителството. Да ја потсетиме јавноста дека Диво насеље се случува во период кога Чавков беше директор на јавна безбедност во МВР и е еден од најдоговорните за овие случувања и за задоценатат реакција на полицијата која дозволила терористи од друга држава длабоко да навлезат на територијата на Р. Македонија, се вели во реакцијата.
Од ФРОДЕМ додаваат дека Чавков уште денес мора да одговори што доколку не било забуна, ниту дилема туку објективен исказ на полицаец кој сеуште е на служба во МВР кој учествувал во акцијата за елиминација на терористите,човек на кој му проработела совеста.