Чавков претпоставува дека настанала забуна кај сведокот за „Диво Насеље“

by fokus 13:58
13:58

По вчерашното пишување на весникот Лајм дека полицаец во судницата признал дека припадникот на кумановската група Мирсад Ндрецај бил уапсен жив во настаните во Диво насеље, Министерот за внатрешни работи Митко Чавков вели дека најверојатно станува збор за забуна при давање на исказот. Ги повика одбраната и обвинителството да ја расчистат таа дилема, информира ТВ21.

-Најверојатно одбраната и обвинителството ќе ги расчистат тие дилеми, односно не знам како би ги нарекол, мислам дека не е воопшто дилема, туку е најверојатно забуна при давањето на исказот, изјави Митко Чавков.

 

 

Поврзани новости