„Фридом Хаус“: Македонија е делумно слободна земја

by fokus

Според најновиот извештај на „Фридом Хаус“, Македонија и понатаму е делумно слободна земја и е меѓу најлошо рангираните европски земји, со вкупно 57 поени на скалата од 0 (најлошо) до 100 (најдобро).

Извештајот на „Фридом Хаус“ е насловен „Популисти и автократи: Двојна закана за глобалната демократија“ и одбележува 11 години последователен пад на глобалните слободи. 87 земји во светот го добија статусот „слободни, 59 „делумно слободни, додека 49 се означени како „неслободни“ држави.

Најслободните држави, со перфектен скор од 100 поени, се Норвешка, Шведска и Финска следени од Канада и Холандија кои имаат 99 поени.

Поврзани новости