Иванов: Ќе постапувам според Уставот и исклучиво во интерес на државата

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска започна со консултациите за тоа кому да го додели мандатот, откако Никола Груевски не успеа да обезбеди мнозинство.

Од Кабинетот на Иванов информираа дека тој се состанал со претседателот на Уставниот суд, а на средбата истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Поврзани новости