Фрчковски: Сме биле и социјалистичка и федеративна, ние сме Македонци и тоа е најважно

by fokus

Љубомир Фрчкоски вечерва во гостувањето на Телма изјави дека во преговорите со Грција за името кај нас приоритет е идентитетот, името е второстепено, и според него за тој пакет е постигната некаква согласност.

-Кај нас приоритет е пред сè националниот идентитет и јазикот да бидат македонски и да се обезбедат. Името, иако изгледа прво прашање, всушност е второ прашање. Ние сме биле социјалистичка, федеративна, народна, ваква и онаква и можеби може да издржиме Македонија со некаков префикс северна, горна итн. Она што е важно, ние сме Македонци и тоа нас нѐ дефинира. Тука мислам дека е постигнат некаков пакет и нервозата со јавни собири во Грција го покажува тоа – изјави Фрчкоски

Поврзани новости