Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма рече дека ВМРО-ДПМНЕ е далеку од реформирано, бидејќи половина од партијата половина се уште се крииналци.
-Барате од нас да имаме разбирање за работи кои не се наши. Зошто ние да имаме разбирање за ВМРО-ДПМНЕ и нивниот криминал и криминална и националистичка база која ја уништи оваа држава? Фино е што нивната агенда се евроантлантските интеграции и подобар однос кон Албанците. Меѓутоа, во таа партија половина уште се криминалци. Овие што ќе излезат од притвор, нема да им ги избришат криминалите, нив ќе им се суди. Тие практично учествуваа во државен удар. Не може тоа да се постави „ха ха“ одиме ние сега понатака. Поопасно за новата Влада е што ВМРО-ДПМНЕ има своја инсталација во државната администрација која воопшто не е очистена, криминална инсталација. Чудно е што сдсмовските кадри се фалат со што ја оставаат таа криминална инсталација и велат еве ние не сме лоши и не ги бркаме.Имате ситуации кога не можете да функционирате. Тие функционираат како паралелен безбедносен систем кој треба да ја спасува групата, рече Фрчковски.