Францускиот предлог ја урна владината веб-страница

by fokus

Веднаш по завршувањето на прес конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски Владата испрати мејл до медиумите со линк од објавениот француски предлог.

Но, се уште не може да се отвори линкот, бидејќи падна владината веб-страница, што најчесто се случува кога на страницата ќе дојде поголем сообраќај од вообичаено.

-Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција, порачаа од Владата во соопштението со линкот од предлогот.

 

Поврзани новости