Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите близу францускиот град Биариц каде лидерите на седумте најмоќни држави во светот се собраа на самит.
Околу 400 демонстранти кон полицијата, која не им дозволуваа да ја поминат безбедносната линија, фрлаа камења кон полицијата.
Антикапиталистичките протестите во главно поминаа мирно, дел од демонтрантите танцуваа и свиреа музика но конфликтот настана во делот каде се воведени строги безбедносни мерки околу градот каде се одржува самитот на Г7.
Претходно во саботата илјадници демонстранти мирно се движеа кон границата со Шпанија, барајќи повеќе активности против климатските промени и економската нееднаквост.
Позициите на лидерите на Г-7 се спротиставени без оглед на тоа дали се работи за трговија, Иран, Сирија, Украина или Брекзит.