Трамп за францускиот претседател: Имам „посебна врска“ со Макрон

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп денес имаа приватен ручек пред официјално да започне самитот на Г7 во Бијариц.

Макрон подоцна изјави дека разговарал со Трамп за „големиот број кризи“ во светот, вклучувајќи ги Либија, Иран и Русија, а станало збор и за трговските односи и за климатските промени, објави АП.

Трамп рекол дека тој и Макрон „всушност имаат многу заедничко“ и нагласил дека имал „посебна врска“ со францускиот претседател.

„Имаме многу работи што треба да ги направиме овој викенд, на што однапред се радувам”, истакнал Трамп.

Запрашан од новинарите дали тој навистина ќе воведе данок за увоз на француско вино како одмазда за одлуката на Франција да ги оданочи американските дигитални гиганти, како што изјави вчера пред да замине за Франција, Трамп рече: „Јас ги сакам француските вина“.

Поврзани новости