494
Загрижени сме за спроведувањето на договорот од Пржино, но веруваме во него и треба да му се даде шанса тој да биде спроведен во целост, изјави денеска амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, која во собранието имаше средба со пратеничката група за пријателство со францускиот Парламент.
– Значителен напредок беше постигнат во минатото, не може да кажеме дека не може да се направи нешто повеќе затоа што работните групи мошне напорно работеа и успеаја да се договорат и за Изборниот законик и за специјалниот обвинител. Ние и понатаму веруваме во договорот од Пржино и дека треба да му се даде шанса целиот да биде спроведен – рече Оер.
Според неа, одговорност за спроведување на договорот од Пржино имаат сите негови потписници.