Франција сака да ја врати контролата на мигрантската политика

by fokus 19:42
19:42

Француската Влада сака да ја врати контролата над мигрантската политика, изјави денеска францускиот премиер Едуар Филип за време на претставувањето серија мерки во таа област, меѓу кои и квоти за економска миграција.

Квоти за имигранти во одредени професии, времето што мора да помине пред барателите на азил да можат да аплицираат за финансиска помош за здравство, борбата против измами во државна медицинска помош за имигранти без документи, се само некои од предложените мерки што во јавноста предизвикуваат многу полемики.

Предвидена е промена и во однос на илегалните имигранти, со тоа што странците без документи и оние на кои им е одбиен азил повеќе нема да имаат здравствена заштита една година, туку само шест месеци.

- Advertising -

– Нема да го допреме прашањето за обединување на мигрантските семејства, но ќе се бориме против сите измами, вклучително и оние во рамки на обединувањето на семејствата, рече францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Тој, исто така, вети отворање на три нови прифатни центри, како и 16.000 нови сместувачки единици за бегалците. Министерот најави и дека нехигиенските мигрантски кампови во североисточен Париз, каде се сместени меѓу 1.500 и 3000 мигранти, ќе бидат „евакуирани пред крајот на годината“.

Во исто време, Франција се обврза да прими половина милион странски студенти до 2027 година за да „го нагласи меѓународното влијание“. Денес, околу 325.000 странци студираат во Франција.

Бројот на дозволи за престој издадени од економски причини е многу помал оваа година од лани, покажуваат официјалните податоци.

Поврзани новости