По спортската пропусница од 50 евра за младите од сиромашни семејства, кои сакаат да се регистрираат во спортски клуб, францускиот претседател Емануел Макрон го најави и пакетот со помош од 300 евра за сите млади. Како што објавија француските медиуми, оваа културна пропусница беше тестирана во текот на изминатите две години, а отсега ќе биде во општа употреба.
Пропусницата од 300 евра младите на возраст над 18 години ќе може да се користи за билети за кино, концерт, претстава или музеј, како и за културни добра (книги, плочи, инструменти), за уметнички дисциплини, ликовна опрема или во дигитални услуги – видео игри, онлајн печат, е-книги.
Младите над 18 години од овој петок, преку апликацијата „Пас култура“ ќе мора да се регистрираат и ќе можат да го користат чекот во текот на 24 месеци. Потоа, од јануари 2022 година, ќе се понудат 25 евра за седмо, 25 евра за осмо одделение и 50 евра за трите години на средно училиште или вкупно 200 евра. Тоа се вкупно 500 евра по младо лице, што првично беше предизборно ветување на Емануел Макрон од 2017 година.