Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што го потпипшаа премиерите на Република Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.
„Франција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот. Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување“, стои во соопштението.
Во пораката од Фрација се наведува дека добрососедските односи придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање на погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото.