Пенс побара од земјите од Западен Балкан да ја осудат Русија   

by fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп очекува сите наши сојузници и идни членови на НАТО да ја исполнат минималната цел, два процент од својот бруто домашен производ да го користат за одбранбени цели. Секоја земја која аспирира кон НАТО мора да ги исполни тие очекувања, оваа обврска мораме заеднички да ја сносиме затоа што опасностите варираат, им порача потретседателот на САД, Мајл Пенс, на земјите од Западен Балкан за време на самитот на Јадранската повелба во Подгорица, Црна Гора.

Пенс изнесе низа критики против Русија и нејзиното присуство на Балканот го нарече дестабилизација на регионот.

„Русија продолжува да се обидува насилно да ги менува меѓународните граници. Во Западен Балкан работи на дестабилизација на регионот. Агенти пратени од Москва се обидоа да извршат атентат врз премиеро на Црна Гора за земјата да не влезе во НАТО. Америка ги одбива било кои обиди на Русија за субверзија и за вакво однесување. Западен Балкан има право да одлучи каде ќе оди во иднина. Америка ќе продолжи да ја гледа Русија како одговорна и бараме од вас тоа да го изразите“, порача потпретседателот на САД.

Тој ги подучи новите Влади во Западен Балкан да бидат херои за своите народи.

„Сите земји во Западен Балкан имале отворени фер избори. Тоа што го добивте го рефлектира ставот на вашето население. Сакаме да им порачаме на сите нови влади, ова е прогрес во Западен Балкан, искористете го моментот најдобро што можете, одете кон заедничките цели, за да отворите можности за просперитет, да се борите против корупција, да градите трансарентни влади, поволна клима за странски инвеститори. Вашите луѓе веруваат во вас и очекуваат подобра иднина. Денес ве поттикнуваме да бидете хероите кои вашиот народ ги бара и заслужува“, додаде тој.

Инаку, ова е прв потпретседател на Соединетите Американски Држави што дошол во посета на Црна Гора.

Поврзани новости