Бошковски: До следниот Илинден ВМРО-ДПМНЕ ќе се реформира

by fokus

Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски, очекува до следната прослава на државниот празник Илинден најголемата десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, а на врвот на партијата да бидат поставени нови кадри.

„Мислам дека оваа политичка гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата, мислам дела членството во партијата во која бев цели 19 години, се ослободува и полека верувам дека Илинден 2018 година сите ќе бидеме заедно, вистинските вмровци на вистинското место-овде на Мечкин камен“, изјави тој.

На локалните избори Бошковски ќе настапи заедно со Стојанче Ангелов и со Љубчо Георгиевски со коалицијата „ВМРО за Македонија“.

Поврзани новости